Еврокомесарот Јоханес Хан е уверен дека може да се одржат избори на 24 април, доколку сите партии останат посветени на исполнувањето на договорот од Пржино од јуни-јули. Вакво уверување тој истакна по излегувањето од долгочасовните преговори во Пржино, кои лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги напушти, неприфаќајќи избори на 24 април. Комесарот Хан рече дека Македонија се наоѓа во многу деликатна состојба и жали што сите партии не постигнале договор за избори на 24 април. Тој смета дека сè уште има можност да се договорат сите спорни прашања и најави дека медијаторот Питер Ванхауте Ванхауте ќе остане во земјава и ќе разговара со партиите.
–Вечерва тројца од четворицата лидери беа сложни за датумот и гарантираа исполнување на обврските. Постои демократска определба за одржување на избори бидејќи има посветена влада и силна опозиција. Европската унија силно ќе ги надгледува изборите преку свои претставници и од европски институции. Досега се е хипотетички дали ќе се исполни договореното, изјави Хан.
Фото: Ѓ. Личовски (Република)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.