Дел од маркетите во Канада истакнуваат видно известување до купувачите кое безмалку „звучи“ како извинување поради повисоки цени на дел од прахранбените производи особено овошје и зелечук.
Во продавниците во синџирот „Индепендент“ во Отава, заедно со овошјето и зеленчукот кое потрошувачот сам го избира, пишува: „Внимание! Цените се повисоки од вообичаено особено за производите увезени од САД поради лош курс на канадскиот во однос на американскиот долар. Ја цениме Вашата верност како купувач“.
Главна причина за поскапувањата е лошиот курс на канадскиот во однос на американскиот долар, најлош од 2003 година. Канадскиот сега вреди едвај 70 американски центи.
Поради суровата зимска клима во најголем дел од Канада, таа држава увезува свежо овошје и зеленчук од САД, но и од други континенти.
Вкупната годишна прехранбена размена меѓу САД и Канада достигнува 50 милијарди долари, од кои 26,2 милијарди е американскиот извоз.
Канада од САД увезува овошје во вредност од 3,7 милијарди долари, а зеленчук – милијарда помалку.
Според канадски економски анализи, просечното канадско домаќинство оваа година ќе издвои околу 8.600 долари за храна, речиси 350 долари повеќе од лани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.