Британскиот принц Чарлс и неговата сопруга Камила ќе ја посетат Србија во март, за време на турнејата по Западен Балкан, објавено е на сајтот на принцот од Велс.
Според соопштението, тој ќе ги посети Хрватска, Косово, Црна Гора и Србија.
Деталите од посетата не се соопштени, но британските медиуми пренесуваат дека балканската турнеја ќе трае 10 дена и Чарлс и Камила ќе ги посетат балканските земји во име на британската влада.
Ова е осма посета на принцот Чарлс во регионот, а последната била во 2007 година кога со сопругата ја посетил Босна и Херцеговина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.