| четврток, 6 декември 2018 |

Што посака да купи принцот Чарлс од посетата во Србија?

Принцот Чарлс и неговата сопруга Камила посакале да купат ќилим од посетата во Србија, пишуваат медиумите на таа земја.

– Принцот сакаше да купи ќилим и беше изненаден што во Белград нема етно-галерија каде што може да се купат ракотворби и традиционални производи со географска ознака и име на потекло – изјави Виолета Јовановиќ, претставичка на здружението „Етно-мрежа“.

Британскиот престолонаследник ја посетил изложбата на ракотворби во Нови Сад и веднаш посакал да купи старински ќилим.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top