Бидејќи ја нема платено сметката за струја, принцот Александар Караѓорѓевиќ не е поканет на кралската вечера во Белград. Посетата на британскиот престолонаследник Чарлс и неговата сопруга Камила на земјите од Западен Балкан, предизвика скандал со кралски пропорции во соседна Србија.
Принцот Александар Караѓорѓевиќ, всушност, бил навреден бидејќи српскиот премиер Александар Вучиќ го избришал од списокот на гости на вечерата која се одржува во чест на Кралската двојка на Велика Британија. Караѓорѓевиќ дури објави дека ќе ја тужи Србија. Александар Караѓорѓевиќ и неговата сопруга Катарина се пријатели со принцот Чарлс и со Камила.
70 илјади долг за струја
Причината зошто наследникот на српското кралско семејство е избришан од листата на гости е банална: семејството Караѓорѓевиќ има речиси 70 илјади неплатени сметки. „Прво плати што и ѝ должиш на Србија, а потоа можете да тужите“, му одговорил премиерот Вучиќ.
Сето ова е уште посмешно бидејќи принцот Чарлс се среќава со Александар Караѓорѓевиќ при посетата на кралицата Елизабета Втора, која е кума на Караѓорѓевиќ. Белата палата, резиденцијата на семејството Караѓорѓевиќ, подготви специјална изложба за односите меѓу династиите, а дури и се шпекулираше дека Чарлс и Камила ја минале ноќта таму.
Курс по бонтон
Српската влада сериозно се подготвува за гала-вечерата во четврток. Сите педесет поканети гости на државната вечера имале „брз курс“ по манири, за да не се наруши протоколот пропишан од британската монархија. Со тоа ќе се избегнат традиционалните српски поздрави со гушкање и бакнување трипати, а исто така нема да има гласни наздравувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.