| четврток, 6 декември 2018 |

Одберете една од понудените врати и откријте каква личност сте

Одберете ја вратата што најмногу ви се допаѓа и откријте работи поврзани со вашата личност.

odberete-edna-vrata-i-otkrijte-kakva-lichnost-ste-01

Врата број 1
Вие сте забавна личност која ја цени едноставноста и леснотијата. Сакате да им угодувате на другите, но и сами уживате во ситниот луксуз како што се убави садови, миризливи дизајнирани свеќи или колачи. Сакате да патувате и да ги запознавате другите култури.

Врата број 2
Вие сте многу едноставна личност која не сака да го комплицира животот. Имате тенденција да ги одржувате работите чисти и совршени, но запрашајте дали вреди сиот тој труд. Не се чувствувате како нешто да ви недостига?

Премногу време и енергија трошите на своите лични достигнувања и работни успеси. Обожувате да ги полните полиците со сертификати и дипломи. Но дали се развивате и лично во сето тоа? Да се живее квалитетно значи да се пронајде баланс и рамнотежа.

Дозволете си и по некое лудо искуство. Изненадете се себеси преземајќи некој ризик и напуштете ја удобната зона.

Врата број 3
Со својата необичност лесно ги привлекувате луѓето околу себе, иако ретко на кого му дозволувате вистински да ве запознае и открие. Многу работи ви одат од рака и уметнички се изразувате на различни начини секојдневно во многу полиња. Имате способност од ништо да направите нешто. Го цените својот простор, па често се наоѓате затворени во него. Не заборавајте понекогаш да излезете од својата скривница и да уживате во животот под облаците.

Врата број 4
Вие сте стара душа, склона кон драматизирање. Имате силни уметнички претензии и често се изразувате преку пишаниот збор, музиката, сликарството или некоја друга уметност. Знаете да бидете контрадикторни, па дури и во моментите кога сте најотворени кон луѓето, успевате да задржите многу работи само за себе. Имате богат внатрешен живот, но повеќето мисли кои произлегуваат од него ги чувате љубоморно само за себе. Иако ви е тешко, обидете се понекогаш да споделите некоја своја недоумица со другите. Не само што ќе се чувствувате подобро, туку и полесно ќе се фатите во костец со сопствениот перфекционизам и потребата секогаш да мора да најдете одговор за се’. Сепак сте социјално суштество кое мора да комуницира со својата околина.

Врата број 5
Важно ви е да бидете дел од тимот и со својата работа да допринесете во секоја ситуација. Среќни сте кога работите се движат по својот тек, а најмногу ве исполнува сопствената продуктивност. Таквиот карактер ви овозможил да развиете одредена самосвест, но сепак обидете се да ја смирите топката. Слушајте го своето тело. Време е за одмор? Можеби понеделник не би требало да биде почеток на работната недела, туку можност да се чувствувате одлично во сопствената кожа. Земете си време да ги пронајдете работите во кои уживате, а кои не се дел од вашето секојдневие. Истражете се сами себе, дури и по цена на опуштање кое вам ви делува толку необично. Сè се стигнува и за сè има време.

Врата број 6
Горда личност сте и специфични, со изострено око за детали. Другите ве перцепираат како смирен поединец кој води грижа каков впечаток остава во друштвото. Меѓутоа, со еден дел ја криете сопствената несреденост. Вашиот стан или автомобил, најверојатно се гуши во хаос и неред. Склони сте кон деструктивни самокритики, посебно во тешки ситуации кога се обвинувате себе за своите неуспеси. Животот не е само грижа за другите и светот не е секогаш свртен кон вас. Што сакате од себе? Како ќе го постигнете тоа?

Врата број 7
Едноставни сте, минималисти кои секогаш имаат нешто важно што мораат да завршат. Важни ви се другите и често им го посветувате времето кое би требало да си го посветите себеси. Многу сте чувствителни и сакате да сте опркужени со работите кои ви значат. Родителите и пријателите ви се на прво место во животот и за нив би направиле сè што можете. Но, понекогаш би требало повеќе да мислите на себе. Што ве прави среќни? Како сакате да ви помине совршениот ден? Иако можеби имате важна улога во семејството или кариерата , не дозволувајте да се изгубите себе. Секој ден е можност да ја обликувате иднината која што ја сакате. Сфатете дека убави работи им се случуваат на сите и вие не сте исклучок.

Врата број 8
Вашата разиграна и весела личност позитивно влијае на вашиот изглед и однесувањето. Иако на сè се навикнувате и приспособувате, имате проблем со самодовербата и нервозни сте во некои одредени сфери на животот. Неорганизирани сте, а кога имате проблем во животот не знаете од каде да почнете за да го поправите. Наспроти тоа, горди сте на својот успех и би требало повеќе да го цените тоа. Посветете си време на себе самите и својот развој, прифатете ги вашите мани и научете се да се сакате. Не ги игнорирајте луѓето кои можат да ви помогнат. Животот веднаш станува полесен кога не сте сами.

Врата број 9
Досетлива личност сте и имате решение за сите потешкотии. Вешти сте во решавањето на проблемите, а штедливоста ви преставува голема доблест. Ја цените едноставноста и низ животот поминувате држејќи се за основата на сите полиња. Лесно е некој да ве сака и да ве задоволи, а најмило ви е кога своите решавачки способности ги користите да им помогнете на другите. Без оглед на тоа дали треба да залепите плочки во тоалетот или да се изгради куќа за птици, вие сте секогаш подготвени да најдете паметно решение.

Врата број 10
Како личност ја цените стабилноста и поврзаноста на животните навики. Другите можат да се потпрат на вас, знаејќи колку внимавате на квалитетот и деталите. На сè пристапувате со претходна анализа и ретко останувате без план. Сигурноста и поддршката ви се на прво место во сите полиња на животот. Дури и ако постигнете повеќе од очекуваното се чувствувате малку непријатно што резултатот не е според очекувањата кои ви биле планирани. Тоа особено важи кога немате некоја голема корист од вишокот. Многу е веројатно дека поседувате и уметничка страна, но ја потиснувате од некои причини. На пример, сакате да слушате музика и да собирате плочи, но никогаш не би земале инструмент во раце. Своите проблеми ги чувате во себе и немате обичај да им раскажувате на другите. Но, не се затворајте. Покажете го искрено својот карактер и своите слабости, ништо не е против законите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top