| четврток, 6 декември 2018 |

Одбележени 110 години од раѓањето на Васил Хаџиманов

Во Кавадарци денеска, 14 јануари, се одбележаа 110 години од раѓањето на Васил Хаџиманов, еден од најголемите и најупорните македонски истражувачи од областа на етномузикологијата, мелографијата и фолклорот и еден од врвните интерпретатори на изворните македонски народни песни…

– Повеќе од 6 илјади македонски народни песни од сите краишта на Македонија, собрал кавадарчанецот Васил Хаџиманов и со тоа го зачувал од заборав и од забот на времето народното творештво. Петстотини од нив се објавени во четири зборници. Сите овие песни ги собирал со голема љубов и ентузијазам, рече меѓу другото Мики Камчевски, професор по историја во кавадаречката гимназија.

Говорејќи за животот и делото на Хаџиманов, Камчевски нагласи дека благодарение на неговата макотрпна работа, многу македонски народни песни се сочувани до денес и се уште се наоѓаат на репертоарот на голем број исполнители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top