Претседателот на Владата Никола Груевски во вчерашното обраќање до јавноста во кои истакна дека денеска до претседателот на Собранието ќе испрати писмо со времено повлекување на функцијата претседател на Владата, посочи дека тоа ќе биде ефективнo на сто дена пред официјалниот датум на избори.
Тој посочи дека писмото го доставува бидејќи навршуваат стоте дена пред 24 април, денот за кој е договорено да се одржат предвремени парламентарни избори и оти тоа е влезено во закон.
– Јас стојам и зад тој дел од договорот. Сакам конечно да се остави сета незивесност, да се остават сите проблеми, конфликтност зад нас, сакам нашата држава да оди напред и да продолжи силно да се развива- истакна Груевски.
Ова временo повлекување, потенцира тој, „ја покажува силата на нашето убедување и вербата во демократијата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


