Четири приговори на ВМРО-ДПМНЕ веќе се уважени од страна на Управниот суд, а еден е отфрлен. На овие четири места ќе има прегласување, меѓутоа сè уште не се знае точниот број на местата за кои Управниот суд ќе донесе одлука да се прегласува. Од 34 приговори за општина Центар поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, досега се знае резултатот за пет.
Во наредните два часа се очекува одлука и за останатите места, а потоа ќе следува расправа за поднесените тужби од ВМРО-ДПМНЕ против ДИК за одбиените приговори за Струга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.