| четврток, 6 декември 2018 |

Дејан Лилиќ: Секој човек внатре го носи Мајсторот

Во исто­ри­ја­та, те­а­та­рот пра­вел ре­во­лу­ции и та­ка ќе би­де и по­на­та­му. Тој е ме­ди­ум кој не уми­ра и по­стои со ве­ко­ви. Двај­ца да из­ле­зат од прет­ста­ва мал­ку осоз­на­е­ни е до­бро, има­ме ус­пех. Проб­ле­мот е са­мо око­ли­на­та, да­ли тие двај­ца ќе ги пре­то­пи. До­де­ка по­стои те­а­та­рот, има на­деж за чо­ве­кот, ве­ли Ли­лиќ

„Мај­сто­рот и Мар­га­ри­та“ на Ми­ха­ил Бул­га­ков е еден од најз­на­чај­ни­те ро­ма­ни во 20. век, кој го сме­ни гле­да­ње­то на пра­ша­ња­та за жи­во­тот, за мо­ра­лот, за со­ве­ста, за суд­би­на­та на умет­но­ста, за стра­вот, за ре­ли­ги­ја­та, за љу­бо­вта. Те­а­тар­ски­от спе­ктакл, прет­ста­ва­та „Мај­сто­рот и Мар­га­ри­та“ во ре­жи­ја на Иван По­пов­ски бе­ше по­ста­ве­на на сце­на­та на Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар (МНТ), а ли­кот на Мај­сто­рот По­пов­ски му го до­ве­ри на Де­јан Ли­лиќ, со ко­го се поз­на­ва­ат од про­е­ктот „Оди­се­ја 2001“ ко­ја По­пов­ски ја по­ста­ви за отво­ра­ње­то на „Охрид­ско ле­то“. Ли­лиќ, по па­у­за од ре­чи­си три го­ди­ни, се вра­ќа на сце­на­та, отка­ко во из­ми­на­ти­от пер­и­од има­ше дру­га функ­ци­ја – ди­ре­ктор на на­ци­о­нал­ни­от те­а­тар. Пуб­ли­ка­та дол­го го ис­че­ку­ва­ше да се по­ја­ви на сце­на­та, а во „Мај­сто­рот и Мар­га­ри­та“ тој се со­го­лу­ва. Приз­на­ва де­ка ли­кот што го игра на еден на­чин е неб­ла­го­да­рен, би­деј­ќи се по­ја­ву­ва доц­на во прет­ста­ва­та. Веч­на­та љу­бов на Мај­сто­рот за Ли­лиќ е бол­но, но до лу­ди­ло до­ве­де­но раз­о­ткри­ва­ње на чо­ве­кот и на не­го­ва­та бес­мрт­на љу­бов.

„Единс­тве­но што мо­же да на­пра­ви е да ја из­ва­ди ду­ша­та и да ѝ ја да­де на пуб­ли­ка­та. Тоа е она „ху“ што ни из­ле­гу­ва од уста­та. Тоа е онаа свет­ли­на и топ­ли­на. Се­кој чо­век вна­тре го но­си Мај­сто­рот. Кај не­ко­го е мал­ку по­ве­ќе или по­мал­ку истак­нат, кај не­кој се по­ја­ву­ва и се гу­би, а до­бро е да би­де при­су­тен би­деј­ќи тој осве­сту­ва и очо­ве­чу­ва“ ве­ли Ли­лиќ во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“.

Dejan Ilic (8) (Custom)

Ли­лиќ, по па­у­за од ре­чи­си три го­ди­ни, се вра­ќа на сце­на­та, отка­ко во из­ми­на­ти­от пер­и­од има­ше дру­га функ­ци­ја – ди­ре­ктор на на­ци­о­нал­ни­от те­а­тар

Да­ли мис­лиш де­ка ис­че­ку­ва­ње­то на пуб­ли­ка­та да се по­ја­ви Мај­сто­рот бе­ше пре­дол­го?

ЛИ­ЛИЌ: Во ро­ма­нот на Бул­га­ков, исто та­ка, Мај­сто­рот се по­ја­ву­ва мно­гу доц­на, за­тоа што се­ко­гаш има во­вед на она што се слу­чу­ва, ка­кви се лу­ѓе­то, а та­кви се ро­ма­ни­те на Бул­га­ков. Мо­же­би дра­ма­тур­шки мо­же да се на­пра­ви по­и­на­ку. Мно­гу­ми­на ми ка­жаа де­ка имаа по­тре­ба таа при­каз­на по­ве­ќе да трае и ли­кот по­ра­но да би­де вне­сен во прет­ста­ва­та. Но, тоа е ре­жи­сер­ска­та иде­ја и дра­ма­тур­ги­ја, тоа е Бул­га­ков. Ко­га дој­дов да би­дам ди­ре­ктор на Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар (МНТ), про­фе­сор­ка­та Је­ле­на Лу­жи­на ре­че де­ка пра­вам по­тег ка­ков што пра­ват го­ле­ми­те лу­ѓе уште од исто­ри­ја­та, во рим­ско­то и во грч­ко­то царс­тво. Тоа е жр­тву­ва­ње на сво­јот жи­вот на сме­тка на дру­ги­от жи­вот. Не мис­лам де­ка ме­не ме­на­џер­ска­та ка­ри­е­ра мо­же да ми до­не­се ус­пех ка­ко актер, но ко­га ве­ќе се на­фа­тив да ра­бо­там, зна­ев де­ка не­ма да мо­жам да играм во прет­ста­ви, иа­ко имав по­ну­ди од си­те ре­жи­се­ри што ра­бо­теа во МНТ во тој пер­и­од. Свес­но вле­гов во оваа при­каз­на зна­еј­ќи де­ка не­ма да мо­жам да ра­бо­там и ка­ко ме­на­џер и ка­ко актер ед­на­кво ква­ли­тет­но, а при­тоа да имам и вре­ме што мо­ра да го по­све­там на се­бе. Јас од­брав да жр­тву­вам не­што што е мое. Мо­жев да играм прет­ста­ви, а ме­на­џи­ра­ње­то да би­де ло­шо. Од­брав да на­пра­вам не­што за те­а­та­рот, а си ускра­тив мно­гу уба­ви рол­ји што ми беа по­ну­де­ни во тој пер­и­од. Мо­же­би мо­жев да ги ра­бо­там две­те ра­бо­ти, но мис­лам де­ка во тие го­ди­ни ќе по­тро­шев мно­гу енер­ги­ја, но јас ре­шив МНТ да го на­пра­вам ме­сто ка­де што ќе има пред сѐ, ква­ли­тет­ни прет­ста­ви. За тоа бе­ше по­треб­но вре­ме. Се­га во МНТ има те­а­тар­ски му­зеј, ин­тер­нет­ска те­ле­ви­зи­ја, те­а­тар­ски фе­сти­вал, мар­ке­тин­шки пуб­ли­ка­ции, про­гра­ми, бро­шу­ри ка­кви што има­ат си­те европ­ски и свет­ски те­а­три и ка­кви што зас­лу­жу­ва МНТ. Се на­пра­ви до­бар тим кој тре­ба­ше да се вкло­пи во но­ва­та згра­да, со си­те по­треб­ни еле­мен­ти. Приз­на­вам де­ка мно­гу се кр­шев во се­бе. Има­ше ли­ко­ви што мно­гу са­кав да ги играм. Се на­де­вам де­ка ус­пеш­на­та при­каз­на на МНТ што ја за­поч­нав­ме, по­себ­но по отво­ра­ње­то на но­ви­от об­јект, се­га ќе про­дол­жи.

Dejan Ilic (7) (Custom)

Јас се­ко­гаш твр­дам де­ка не сме со­вр­ше­ни и де­ка тре­ба да теж­не­е­ме да би­де­ме по­до­бри

Во што си мај­стор во сво­јот жи­вот?

ЛИ­ЛИЌ: Ха, па знам и да за­ко­вам не­кои шај­ки по до­ма, да скло­пам еле­мен­ти од ме­бел… Пре­во­дот на мај­сто­рот е мал­ку по­гре­шен. Тоа е всуш­ност ма­стер, од­нос­но ма­е­стро. Кај нас, на пр­ва, мај­стор има по­и­на­ква асо­ци­ја­ци­ја, за чо­век кој има кач­кет и мо­лив зад уво­то. Јас се­ко­гаш твр­дам де­ка не сме со­вр­ше­ни и де­ка тре­ба да теж­не­е­ме да би­де­ме по­до­бри. И мо­же­би ни­ко­гаш не­ма да до­пре­ме до со­вр­шенс­тво­то. Во мо­мен­тот ко­га ќе по­чув­ству­ва­ме де­ка сме со­вр­ше­ни, его­то ќе ни по­рас­не. Уче­ње­то на го­ле­ми­те мај­сто­ри на ко­ја би­ла бо­реч­ка дис­цип­ли­на, осо­бе­но оние од Исто­кот, е пред сѐ да би­деш ма­стер во сво­јот ум. Тие се очо­ве­че­ни, со спу­ште­но его, би­деј­ќи по­ми­на­ле го­лем пат. Не „бр­кам“ ре­зул­тат ка­де сум ка­ко актер, бр­кам да би­дам што по­до­бар и по­ква­ли­те­тен. Ве­ро­јат­но тоа ќе ми го ис­чи­сти умот. Не знам во што сум мај­стор, јас са­мо си го жи­ве­ам жи­во­тот нај­до­бро што мо­жам и уме­ам, се оби­ду­вам ни­ко­му зло да не на­пра­вам.

Се сог­ла­су­ваш ли со те­за­та на Бул­га­ков де­ка си­те лу­ѓе се ра­ѓа­ат до­бри, а по­тоа оп­кру­жу­ва­ње­то, оп­штес­тво­то, жи­во­тот од нас соз­да­ва чу­до­ви­шта?

ЛИ­ЛИЌ: Тоа ап­со­лут­но е та­ка. Не­кој за да пре­жи­вее ќе на­пра­ви не­што што е не­чо­веч­но, ќе на­пра­ви грев. Не­кој за тоа има дла­бо­ко оправ­ду­ва­ње, а не­кој, пак, тоа го пра­ви без оправ­ду­ва­ње. Те­жи онаа ста­ра на­род­на „со ко­го си, та­ков си“. Да, мис­лам де­ка си­те се ра­ѓа­ме до­бри, чи­сти, ка­ко што си­те зна­е­ме да ди­ше­ме. Ни­ко­гаш не е тоа ли­ни­ја ко­ја оди во безд­на или те пра­ви да би­деш зол или не­со­вр­шен, да дејс­тву­ваш она­ка ка­ко што не е при­род­но или не­чо­веч­ки. Се­ко­гаш имаш вре­ме да се вра­тиш на­зад, да раз­мис­лиш. За­тоа свес­но­ста е мно­гу важ­на. Ако имаш до­бра свес­ност за се­бе­си, то­гаш мо­жеш да ка­жеш ова не е до­бро што го на­пра­вив и да си приз­на­еш на се­бе. Не мо­раш тоа јав­но да го ка­жеш. Мно­гу е важ­но да би­деш све­сен и да зна­еш што е до­бро, а што не, пред сѐ за се­бе. То­гаш ќе зна­еш и за дру­ги­те.

Dejan Ilic (3) (Custom)

Мно­гу е важ­но да би­деш све­сен и да зна­еш што е до­бро, а што не, пред сѐ за се­бе.

Да­ли те­а­та­рот ќе нѐ на­у­чи да би­де­ме до­бри лу­ѓе, нас­про­ти зло­то во лу­ѓе­то, а не ѓа­во­лот, без раз­ли­ка ка­ко тој се име­ну­ва или оли­це­тво­ре­ну­ва во по­е­ди­нец?

ЛИ­ЛИЌ: Таа фор­ма на На­те­ма­го­то е се­ко­гаш мно­гу пос­ла­тка, по­прив­леч­на, по­а­тра­ктив­на. Ги има си­те уба­ви, раз­лич­ни, све­тка­ви бои. Ова дру­го­во има мал­ку си­во­цр­на ни­јан­са. Во исто­ри­ја­та, те­а­та­рот пра­вел ре­во­лу­ции и та­ка ќе би­де и по­на­та­му. Тој е ме­ди­ум кој не уми­ра и по­стои со ве­ко­ви. До­бро е и двај­ца да из­ле­зат од прет­ста­ва мал­ку осоз­на­е­ни, има­ме ус­пех. Проб­ле­мот е са­мо око­ли­на­та, да­ли ќе ги пре­то­пи тие двај­ца. До­де­ка по­стои те­а­та­рот, има на­деж за чо­ве­кот.

Да­ли е ви­стин­ско вре­ме за Мај­сто­рот и Мар­га­ри­та?

ЛИ­ЛИЌ: И за сто го­ди­ни ќе би­де ви­стин­ско вре­ме и пред по­ло­ви­на век би­ло. За жал. Ова е текст кој се­ко­гаш е акту­е­лен. Ве­ли­ме, еј, по­ми­на­ло тол­ку вре­ме, а ни­што не се сме­ни­ло! Па не се сме­ни­ло би­деј­ќи е кра­тко вре­ме­то. Ние са­ка­ме во два ве­ка или во еден ми­ле­ни­ум сѐ да се сме­ни. Не мо­же! Се на­де­вам де­ка чо­веш­тво­то ќе се очо­ве­чи и ќе би­де­ме свес­ни ка­ко ја тро­ши­ме пла­не­та­та Зем­ја, ка­ко се тро­ши­ме се­бе­си и ка­ко ги ар­чи­ме енер­ги­ја­та и свет­ли­на­та што ги но­си­ме во се­бе.

Се­га си та­тко и со­пруг. На кои вред­но­сти ја учи­те ва­ша­та ќер­ка?

ЛИ­ЛИЌ: Таа е сѐ уште ма­ла. Ја учи­ме на вред­но­сти кои јас и со­пру­га­та ги има­ме ка­ко лу­ѓе. Збо­ру­ва­ме со неа ка­ко со во­зра­сен чо­век, јас мо­же­би не­ко­гаш пре­те­ру­вам со об­јас­ну­ва­ње на не­шта­та. Таа е на­ша ра­дост ко­ја не мо­жам да ја опи­шам со ни­што дру­го. Се­ко­гаш на­сто­ју­вам да по­ми­ну­вам што е мож­но по­ве­ќе вре­ме со нив. Со­пру­га­та е пре­кра­сен чо­век и пре­крас­на же­на на ко­ја ѝ се вос­хи­ту­вам и мно­гу сум ѝ бла­го­да­рен за тоа што дој­де во мо­јот жи­вот и што ме из­ба­лан­си­ра во не­кои ра­бо­ти. Ќер­ка­та дој­де ка­ко плод на љу­бо­вта, не бе­ше пла­ни­ра­на. Ед­но­став­но, мно­гу ни е уба­во.

Dejan Ilic (6) (Custom)

Ќер­ка­та дој­де ка­ко плод на љу­бо­вта, не бе­ше пла­ни­ра­на. Ед­но­став­но, мно­гу ни е уба­во

Кој е след­ни­от про­ект?

ЛИ­ЛИЌ: Пред две го­ди­ни му ве­тив на Жол­дак, ко­га од­бив да играм во „Еле­ктра“ по­ра­ди тоа што бев ди­ре­ктор на МНТ, а во тоа вре­ме се ро­ди и ќер­ка­та, де­ка ќе играм во след­на­та не­го­ва прет­ста­ва „Со­ла­рис“. „Со­ла­рис“ е ро­ман на пол­ски­от автор Ста­нис­лав Лем, чи­ја те­ма, иа­ко е на­уч­на фан­та­сти­ка, не­ве­ро­јат­но е по­вр­за­на со чо­ве­кот и со не­го­ва­та дла­бо­чи­на. Ро­ма­нот топ­ло го пре­по­ра­чу­вам си­те да го про­чи­та­ат. Тоа не е го­лем ро­ман, но е мно­гу емо­ти­вен, чо­ве­чен. Тоа ќе би­де мно­гу фу­ту­ри­стич­ка прет­ста­ва, а еки­па­та тре­ба да ја со­чи­ну­ва­ат акте­ри­те кои ра­бо­теа на „Еле­ктра“, плус Ѓор­ѓи Јо­лев­ски и јас. Ве­ќе е нај­а­ве­на ка­ко ед­на од пет­те европ­ски прет­ста­ви во 2016 го­ди­на кои мо­ра да се ви­дат. МНТ ќе ја ра­бо­ти во со­ра­бо­тка со Ви­ен­ски­от те­а­тар, а за овој про­ект се до­го­во­рив­ме уште пред две го­ди­ни. Пре­ми­е­ра­та тре­ба да би­де во Ви­е­на во ју­ни. По­тоа ќе се игра и во Скоп­је.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top