| четврток, 6 декември 2018 |

Два филма на ФХ3Х номинирани за „Оскар“ за визуелни ефекти

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х го објави своето учество во визуелните ефекти на „Марсовецот“ и „Повратник“, два од вкупно петте филма номинирани за највисокото признание во индустријата, „Оскар“ за најдобри визуелни ефекти.

Номинациите за 88. издание на „Оскар“ беа објавени во Семјуел Голдвин театарот во Беверли Хилс. Актерот Џон Красински, претседателот на Академијата Шерил Бун Ајзак и режисерите Гиљермо дел Торо и Анг Ли ги објавија номинациите во сите 24 категории.

Во категоријата за најдобри визуелни ефекти за „Оскар“ ќе се натпреваруваат уште и „Екс машина“, „Лудиот Макс: Пат на бесот“ и „Војна на двездите: Силата се буди“.

Кристијан Даниловски и Миливоје Ѓорѓевиќ, сопственици на ФХ3Х, се задоволни од објавените резултати на Академијата.

– Ни беше чест и гордост што бевме дел од такви проекти што се натпреваруваат за највисокот признание за квалитет во нашата индустрија, особено што овие два филма се борат и за титулата најдобар филм во претходната година – велат Даниловски и Миливојевиќ.

Церемонијата на доделување на наградите „Оскар“ ќе се одржи во Долби театарот во Холивуд, на 28 февруари, а водител ќе биде Крис Рок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top