Во пресрет на вечерниот тренинг селекторот Ивица Обрван соопшти дека поради повреда Филип Лазаров нема да биде во составот за првиот натпревар на шампионатот против селекцијата на Франција.
-Доколку нема некои посериозни проблеми по вечерашниот тренинг во составот за првиот круг нема да биде Филип Лазаров. Тој се уште не е закрепнат од повредата на препоните, а во мечот против Франција ќе има многу тешки дуели и постои опасност од влошување на состојбата и затоа не сакаме ништо да ризикуваме. Почекаме уште некој ден па ќе видиме кога и тој може да биде во конкуренција за место во тимот- изјави пред тренингот селекторот Ивица Обрван.
Во пресрет на утрешниот дуел со Франција, нашите ракометари ќе одржат уште еден тренинг во претпладневните часови, а мечот со актуелниот светски, олимписки и европски првак почнува во 18 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.