Наркобосот им наредил на адвокатите да проверат кој е Шон Пен, а со актерката Кејт дел Кастиљо во пораките претежно флертувал.
Транскриптите од десетина СМС пораки разменети со актерката покажуваат дека наркобосот повеќе бил заинтересиран за флерт со неа, отколку за снимање на филмот за неговиот живот.
Според пораките, тој не знаел кој е актерот со кого се најде во планините каде се криеше.
– Како се вика оној актерот?- прашува наркобосот кој потоа бара од адвокатите да дознаат во кои филмови глумел.
Но затоа актерката сакал да ја запознае со својата мајка.
– Ти велам повеќе сум возбуден за средбата со тебе отколку за сценариото за филмот- и пишува тој на глумицата која во именикот ја чувал под името Хермоса што значи Убавица.
Ел Чапо кој е оженет со поранешната манекенка Ема Коронел со која има деца, на Дел Кастиљо и пишува дека сака да ја запознае со мајка му, а ја нарекува и најинтелигентна жена на светот.
– Како е најинтелигентната и најубавата жена на светот на која и се восхитувам?- пишува тој.
Мексиканскиот аналитичар Алехандро Опе вели дека содржината не го чуди.
– Гузман е „слаб“ на жени има 18 деца и 30 години помлада сопруга- вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Ел Чапо попушта во затвор: Не памети луѓе, ниту места, почнува да халуцинира
-
Ел Чапо ќе го тужи „Нетфликс“ поради серијата за неговиот живот
-
Се трага по милијардите на Ел Чапо – Полицијата не може да најде ниту еден долар