| четврток, 6 декември 2018 |

Битола со отворена поддршка за фудбалскиот и за ракометниот клуб Пелистер

Општината Битола ќе даде отворена поддршка за фудбалскиот и за ракометниот клуб Пелистер, најави градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.

Талески денеска посочи дека за ФК Пелистер е доделена финансиска поддршка, додека за РК Пелистер се дадени писмени гаранции за обезбедување услови за учество на битолските ракометари во СЕХА-лига.

– Битола ќе биде спортски град. Радосен сум што викендов ФК Пелистер го победи ФК Вардар во Скопје. Денеска им доделивме финансиска поддршка од два милиона денари за да продолжат со успеси во Првата македонска фудбалска лига, а до година да бидат шампиони. Исто така, до СЕХА-лигата доставивме писмена гаранција дека ќе ги исполниме сите потребни услови за РК Пелистер да настапи во таа ракометна лига – истакна Талески.

Градоначалникот најави дека Општината наскоро ќе почне со изградба на две нови трибини со капацитет од по 4.000 гледачи и две трибини со по 2.000 гледачи на фудбалскиот стадион „Тумбе-кафе“, а за кратко време ќе биде завршена изградбата на фудбалско игралиште со вештачка подлога, на кое бесплатно ќе тренираат сите аматери и фудбалери професионалци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top