Најмалку седум луѓе се убиени, а десетина се повредени во серија експлозии кои се случија во престолнината на Индонезија.
Според јавувањата на повеќе светски медиуми, нападите се случиле во близина на централата на агенцијата на ОН во Џакарта, популарниот трговски центар и кафулето Старбакс.
Портпаролот на полицијата информирал дека непосредно пред нападот стигнала закана дека Индонезија може да биде следна мета на терористики напади на ИД.
Според првични информации, нападот го извршиле 10-14 терористи кои на местата стигнале со мотоцикли, по што истрелале проектили кон објектите. Најмалку еден од нив се разнел откако активирал елек со експлозив. Потоа следувало и пукање, веројатно од крововите на околните згради.
Во делот од градот каде што се случиле нападите се наоѓаат неколку луксузни хотели, канцеларии и амбасади, вклучувајќи го и дипломатското претставништво на Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.