Британските пратеници дадоа првична поддршка на иницијативата за тоа Англија да добие своја, посебна химна. Таа би се употребувала на спортски натпревари и спортски манифестации на кои Англија се појавува како посебна репрезентација. Англиските спортисти, досега во вакви прилики ја користеа британската државна химна „Боже спаси ја кралицата“.
Конзервативниот пратеник Тоби Перкинс предложи законска иницијатива за определување на англиска химна, верувајќи дека „тоа и е потребно на Англија“ особено што посебни химни или свечени песни веќе имаат Шкотска и Велс. Иницијативата мина во денешното прво гласање, по само десетминутно дебатирање. Во почетокот на март ќе има поголема дебата околу химната на Англија.
Доколку и тогаш иницијативата на пратеникот Перкинс добие мнозинство, министерот за култура, спорт и медиуми низ целата земја ќе отвори дебата за химната, по што ќе се определи која свечена песна ќе биде определана за англиска химна.
Засега најголема поддршка во англиската јавност, има свечената песна „Ерусалем“ која е мошне популарна во земјата. Како главен противкандидат се јавува песната „Земја на надежта и славата“ која е исто така популарна во Англија.
Пратеникот Перкинс ги отфрла забелешките дека за англиска химна се фаворизира песна заглавена според име на град на Блискиот Исток. Овој пратеник објаснува дека не станува збор за тоа, туку името Ерусалим, во песната претставува „метафора за да се означи едно подобро место“.
Ова песна досега на два пати се користеше како „химна“ за англиските спортисти на Комонвелт игрите во Њу Делхи 2010 и во Глазгов во 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Искршена рачката од знамето пред конзулатот на Монголија
-
Владата се извини: Многу се слични димензиите и колоритот на знамињата
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените