Мисијата на ОБСЕ во Македонија најави дека изборите ќе се одржат на 24 април. Од кацеларијата на Мисијата распишаа јавен оглас за регрутирање на набљудувачи кои ќе ги следат изборите
„По официјалната покана за набљудување на предвремените избори закажани за 24 април 2016, а со оглед на заклучоците на Мисијата за проценка на потребите усвоена од 2 до 5 ноември 2015 и во координација со сопствениот мандат, ОБСЕ/ОДИХР подготвува составување на Мисија за набљудување на изборите за овие избори.
За таа цела ОБСЕ/ОДИХР бара надворешни консултанти за следните позиции:
– Шеф на мисија
– Заменик-шеф на мисија
– Политички аналитичар
– Изборен аналитичар
– Правен аналитичар
– Медиумски аналитичар
– Координатор на долгорочните набљудувачи.
Рокот за пријавување на огласот на ОБСЕ е 24 јануари 2016 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.