Објавени се фотографии од изрешетаната куќа-засолниште на наркобосот Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, каде што пет луѓе беа застрелани во операцијата за негово повторно фаќање во Синалоа, Мексико.
На фотографиите се гледаат крвави дамки на подот, растурената кујна и дупки од куршуми на ѕидовите, како и скалилата по кои Ел Чапо се обидел да избега во градската канализациска мрежа пред да биде фатен. Куќата-засолниште, како што може да се види на фотографиите, е поврзана со градската канализација.
Според агенциите, Ел Чапо прво на специјалците им побегнал низ тајниот тунел, но тие подоцна сепак го лоцирале и го уапсиле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



