Ако сакате да ја фарбате во домашна атмосфера, фризерите советуваат: пред да почнете со процесот, проверете во каква состојба е вашата коса со помош на овој едноставен тест.
1. Со прсти земете еден прамен коса и израмнете го.
2. На праменот ставете неколку капки вода и следете колку време е потребно за тие да се впијат.
3. Ако косата ја апсорбира водата за помалку од 10 секунди, тогаш кутикулата т.е. надворешниот слој на косата кој се лупи е премногу оштетен и косата не може правилно да се обои. Ако на капките им се потребни повеќе од 10 секунди да се впијат, тогаш вашата коса е во добра форма.
Совет: На оштетувањето на кутикулите влијае, меѓу другото, и чешлањето на косата додека е мокра, претераното обликување и стилизирање со преса и слични топлински алатки, како и нејзиното избелување. Поради сè ова косата ја губи својата влага и после тоа влакното се дели.
За да го вратите стариот сјај и здравје на косата, намалете ја нејзината изложеност на топол воздух. Не ја сушете косата со фен веднаш после миењето бидејќи во моментите додека е полна со вода, таа е особено кршлива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.