| четврток, 6 декември 2018 |

Германска компанија влегува во Бунарџик, инвестира 15 милиони евра и отвара 200 нови вработувања

DSC_6968Германската „Џерман електромехатроник системс“ влегува во Македонија.

Ќе вложи 15 милиони евра во Бунарџик, а најавува и 200 вработувања на македонски граѓани.

Денес во македонската влада беше потпишан овој договор за изградба на фабрика која ќе се гради шест до осум месеци, а првото производство се очекува кон крајот на 2016 година.

Министерот за странски инвестиции, Бил Павлески, истакна дека станува збор за изградба на фабрика за електронски уреди, ЛЕД светилки, кои наоѓаат примена во повеќе индустрии.

-Овој проект е значаен за намалување на невработеноста и за зголемување на извозот, а значајно е и дека ќе се користат македонски технологии. На почетокот нивните производи ќе ги извезуваат на Блискиот Исток, а понатаму и низ Европа. Оваа компанија разгледуваше повеќе земји во регионот, но поради одличните услови за бизнис, квалитетната работна сила и инфраструктурата, ја избраа Македонија- истакна Павлески.

Ахмед Ал Шаер од „Џерман електромехатроник системс“  истакна дека тие се еден од најдобрите центри за истражување и развој и тоа ќе го прават и во нашата земја со цел Македонија да ја направат значаен центар.

Оваа инвестиција премиерот Никола Груевски ја најави на 24 декември.

По вчерашната голема инвестиција во Велес, заедно со оваа, за два дена во Македонија се најавени 1200 нови вработувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top