Маша и Вељко пак раскинаа! Тоа беше една од најчитаните вести минатата недела, со оглед на тоа дека станува збор за млад пар кој постојано е во центар на вниманието поради своите славни родители Звездан Терзиќ и Цеца Ражнатовиќ. Како што дознава српски „Курир“, причина за раскинувањето е љубомората на Вељко, која Маша веќе не можела да ја трпи.
-Сѐ е тоа поради љубомората на Вељко. Болно е љубоморен, а уште повеќе откако се пресели во Бања Лука. Маша не му даваше повод за сомневање, но тој е многу заљубен во неа и кога не се заедно целосно е оптоварен со тоа кај е таа, што прави. Иако ги знае нејзините другари, постојано и префрла што се гледа со нив, што излегува. Маша многу страдаше поради тоа. Се скараа и раскинаа – изјавила другарка на Маша, според која тие, сепак, ќе се смират, бидејќи лудо се сакаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



