| четврток, 6 декември 2018 |

Нова бизарна идеја: Златни крофни

По шампањско со листови од 24-каратно злато, може да користите млеко за тело со 24-каратно злато, а најновата во морето бизарни идеи  кои ги промовираат маркетиншките магови  е веројатно онаа како да се продаде се што сјае, па макар да се работи и за обична крофна.

Всушност не станува збор за обична крофна, туку таа е прелиена со 24-каратно злато . Филипински ресторан кој се наоѓа во Бруклин, ги продава овие „златни крофни“ за цена од 100 долари за парче. Оттаму велат дека некои Њујорчани се подготвени да купат и по 12 крофни по неверојатни 1.200 долари. Цената на златото се движи околу 1.075 долари за унца.

Скапоцениот десерт може да се пронајде во Манила Соушал Клаб кој е во сопственост на готвачот Бјорн Дела Круз.

Ресторанот ги промовирал своите крoфни на Инстаграм, каде што првите муштерии веднаш се пофалиле со фотографии од златните крoфни купени за свечено да го прослават влегувањето во Новата година.

Ресторанската регуларна понуда на крофни се продава по разумна цена, отколку за златната верзија на крофните, па така 12 парчиња чинат 40 долари.

Дела Круз изјавил дека почнал со производство на златни крофни од љубопитност и чиста забава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top