Рапери го сакаат гламурот и сјајот на скапоцените камења и луксузот. Тие обично носат на себе златни синџири, часовници и прстени, кои не оставаат да се сомневате околу тоа колку се богати.
Видете ги топ 10-те најскапи синџири на вратовите на раперите.
10. Вака Флока Флејм – 120.000 долари
Раперот Флејм е од Атланта. Синџирот е од злато и скапоцени камења кои што ја оправдува неговата цена.
9. Џеј Зи – 200 000 долари
Овој синџир е од чисто злато и тежи 5 килограми. Изработен е по нарачка од „Rafaello & Co“.
8. Кание Вест – 300 000 долари
Вест е еден од најпознатите ексцентрични рапери, што се гледа и по неговиот избор на накит.
7. T-Pain – 410 000 долари
Овој синџир е од бело злато и дијаманти. На него пишува „Bigg Ass Chain“, ако случајно не сте забележале.
6. Соулџа Бој – 500 000 долари
Тој својата слава ја стекна во 2007 година. Тој се појави на сцената со овој синџир вреден половина милион долари, која е украсен со бели дијаманти.
5. Шон Кингстон – 500 000 долари
Тој потекнува од сиромашно семејство од Јамајка. Кингстон се појави на сцената со синџир вреден 500 000 долари, а најчуден беше неговиот дизајн, како кутија за фломастери .
4. Лил Џон – 500 000 долари
Покрај златни и платински заби, Лил Џон сака и големите синџири. Овој синџир тежи 2,3 килограми и по него има 3756 дијаманти.
3. Мајк Џонс – 1 милиони долари
Откако го заврши судскиот спор со поранешната издавачка куќа, Џонс даде изјава со овој синџир вреден 1 милион долари. На него со вистински дијаманти е испишано логото на неговата нова издавачка куќа.
2. Фарел Вилијамс – 1 милиони долари
Фарел го сака луксузот, тој има неверојатна палата во Мајами, а и накитот што го носи не е помалку импресивен. Овој синџир чини 1 милион долари. Произведен е од „Jacob the Jeweler“, а на него е испишано NERD
1. Рик Рос – 1.5 милиони долари
Рик Рос е основач на „Maybach Music Group“. Роден е во Мисисипи, но израснал во Мајами. Понекогаш може да биде забележан во елитните клубови како фрла банкноти кон толпата на подиумот. Тој носи на вратот синџир со својот лик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.