| четврток, 6 декември 2018 |

Нина Јанева брилијантна, сестрите Тамара и Тијана мајстори за атмосфера – Василичарски концерт 2016

nina

Кога ќе се каже Василичарски концерт, некако тоа асоцира на прекрасните изведби на Нина Јанева. Девојката со неверојатен глас синоќа во Mакедонската опера и балет уште еднаш докажа која е причината поради која со нетрпение се чека секој нареден Василичарски концерт. „Свирете ја Зајди зајди“ и „Кога те нема“ звучеа извонредно, моќно, енергично. Со многу емоции, внесеност и моќен глас, Нина потсети на два одлични макфестовски хитови.

Со настап во живо, во гала концертна варијанта, на првиот од концертите настапија 68 музичари, 12 рок поп пејачи и еден диригент и низ 15 рефрени го пренесоа најдоброто од 25 години Макфест.

tamara

Не може да не се спомене одличната изведба на Лидија Кочовска на нејзината „Ти си тој“, или на Тамара Тодевска која ја отпеа дефинитивно најдобрата песна која била отпеана на „Макфест“ во последните години, „Тажна љубов, среќна песна“. Таа и нејзината сестра ставија јаготка на шлагот, со одличната интерпретација на „Признавам“ од Маријана и Росана. Тијана со „Шила“ ја размрда публиката и ја крена атмосферата во салата.
tijana

Александар Тарабунов имаше два одлични настапи, особено впечатлива беше неговата интерпретација на „Моја гитара“ на Сашо Гигов Гиш. Димитар Андоновски, Елена Ристевска, Александар Белов… секој одличен на свој начин.
nina sara, belov
На „Макфест на Василица“ на старите макфестовски хитови потсетија и Сара Мејс,Елена Петреска, Јоце Панов и Вејчеслав Поповски, придружувани од Оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Вечерва во МОБ се одржува уште еден концерт, истите изведувачи, истите песни – одлично место за празнично уживање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top