Британските научници од Универзитетот „Ексетер“ веруваат дека зголеменото внесување храна во текот на зимските месеци можно е да се објасни со еволуциски причини.
Според нив, луѓето имаат природен порив да јадат премногу, но немаат и контролен механизам што би спречил насобирање вишок килограми.
Причина за тоа е што во текот на еволуцијата дебелината не била значајна закана за преживување на нашите предци, додека недоволната храна била.
Вродената потреба за одржување на масното ткиво во организмот е сè уште силна во зима бидејќи во тој период од годината нашите предци имале најмногу тешкотии со пронаоѓањето храна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.