| четврток, 6 декември 2018 |

Видеата на „Јутјуб“ ја направија милионерка

Почна со хумористичниот водич за тоа како да се нашминкате кога сте под дејство на алкохол, а денес со повеќе од 8,2 милиони претплатници на нејзините видеа на „Јутјуб“, 25-годишната Џена Марбелс живее во апартман во Санта Моника вреден еден милион долари, што е далеку подобро од малиот стан во Масачусетс, каде што живееше пред да стане популарна.

Нејзините туторијали имаат повеќе од милијарда прегледи,а на „Фејсбук“ и на „Твитер“, пак, ја следат  многу холивудски ѕвезди. Се разбира, најголем број фанови се тинејџерки кои добиваат оригинални совети на многу забавен и специфичен начин.

Џена и самата е изненадена од својата популарност бидејќи благодарение на големиот број фанови, таа мораше да вработи личен асистент и менаџер, а нејзината мајка, пак, да се грижи за многубројните пораки од фановите и бизнис зделките.

Иако таа не открива колку точно заработува, според анализите на посетеноста на нејзиниот канал на „Јутјуб“, се проценува дека во 2012 година заработила околу 350.000 долари, но тоа не ги вклучува сите договори  што ги има потпишано, што значи нејзиниот профит е далеку поголем.

–  Јас заработуваат повеќе отколку што е потребно – изјавила Џена за „Њујорк тајмс“.

Џена дипломираше спортска психологија, но таа има работено и како модерна танчерка, како козметичарка и како келнерка во еден ноќен клуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top