-Вкупно осум нови училишта ќе бидат изградени годинава. Две од нив се почнати минатата година, а уште шест се планира да бидат изградени во текот на оваа година- најави денеска премиерот Никола Груевски. Одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорот со индиската компанија, „БРГ“, премиерот Груевски оцени дека има голем прогрес во однос на изградбата и реконструкцијата на нови училишта.
-Покрај ова, вложуваме многу и во реконструкција на училишта. Оваа година ќе има темелна реконструкција на 60 училишта и се вкупно со претходните реконструкции од минатите години ќе имаме околу 450 реконструирани училишта. Вложени се големи средства и во изградба и во реконструкција на овие објекти. Вложени се над 50 милиони евра во градба на училишни објекти и исто така огромен износ во реконструкција на објекти. Тоа ќе продолжи и во текот на 2016 година- истакна Груевски.
Тој додаде дека се обезбедени средства од буџетот за шестте нови училишта и за изградбата на двете коишто почнаа да се градат во 2015, како и за реконструкцијата на 60те училишта за годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.