| четврток, 6 декември 2018 |

МАН бара од МВР да открие кој стои зад упадот во редакцијата на „Курир“

Македонската асоцијација на новинари (МАН) остро реагира на последниот упад во редакцијата на порталот „Курир“.

ман

 

По неколку месеци силни притисоци, закани и вербални напади, редакцијата на порталот „Курир“, во текот на изминатиот викенд повторно беше цел на упад и на грабеж.

vrata-2640

МАН укажува дека ова не е прв случај на упади во медиуми.

– Го потсетуваме Министерството за внатрешни работи дека сѐ уште ги нема пронајдено виновниците за упадите и за насилството во редакциите на „Курир“, на „Република“ и на „Радио Слободна Македонија“, особено што ништо не се презема од страна на МВР откако на министерската функција е генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, чија партија и активисти се сторители на најголем дел од насилствата врз новинари и упади во редакции.

МАН кон крајот на ноември минатата година од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, побара во најкус можен период да ги расветли сите случаи во кои има закани, насилство и напади врз новинари и врз медиуми, и да преземе мерки кон оние што ги порпечуваат новинарите во извршување на работата.

Упадот во просториите на порталот бил извршен во недела вечерта, кога насилно била обиена балконската врата и биле одземени неколку лаптоп компјутери.

Вработените во „Курир“ велат дека во изминатиот период се цел на притисоци, на закани и на неосновани напади од страна на најголемата опозициска партија, од каде што секојдневно, преку неосновани соопштенија се врши директен напад и притисок врз медиумот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top