| четврток, 6 декември 2018 |

Мила Кадриу ја затвори седмата сезона на Моден викенд – Скопје

На 14 април, во просториите на Македонска опера и балет, се одржа последната вечер од седмата сезона на Моден викенд – Скопје – пролет/лето 2013. Седмото издание на овој моден настан беше затворен со претставување на најновата колекција на Мила Кадриу.

IMG_0571

MCouture by Мила Кадриу – Париз, 20-тите години од 20 век. Зачетокот на сето тоа што денес го знаеме како авангарда. Кабареа, кафулиња, целиот уметнички свет на едно место. Колепка на модата. Периодот сам по себе дише со еден ненаметлив луксуз, каков што е замислен за колекцијата на „МCouture“. Следејќи ги светските тенденции во она што се нарекува модно шоу, идејата е да ја пренесеме атмосферата на париските кафулиња и посетителите да имаат моќност да се почувствуваат како дел од одбраното авангардно друштво. Значи дека ќе го репродуцираме чувството да се биде на париските улици во 20-тите години, во комфорот на затворениот простор.

IMG_0419

За фотографиите се задолжени AD Photography.

IMG_0222

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top