| четврток, 6 декември 2018 |

Го покажа стомачето: Бијонсе е повторно бремена? (фото)

Бијонсе на роденденската прослава на својата ќерка Блу Ајви во неделата  го покажа стомачето со што веднаш предизвика шпекулации во светските медиуми дека е повторно во блажена состојба.

бијонсе

Славната пејачката заедно со сопругот Џеј Зи го прослави четвртиот роденден на Блу Ајви, но никој не ги гледаше тортата и балоните туку стомакот на пејачката беше во преден план.

бијон3

Бијонсе е позната по тоа што има извајано тело (и подготвена е да стори сè за да така и да остане) па сите беа изненадени кога под сивиот блузон се наѕираше поголем стомак.

биојнсе4

Шпекулациите речиси моментално почнаа да кружат, прво на социјалните мрежи, а тогаш и во американските таблоиди.

твитбиојнесе

Секако сосема е можно дека пејачката едноставно „нафрлила“ некој килограм повеќе за време на празниците, но шпекулациите само се подгреале кога подоцна истиот ден е видена како со сопругот излегува од еден ресторан во дискутабилна модна комбинација.

Бијонсе, која инаку секогаш носи тесна гардероба за да ја истакне фигурата, решила да облече широка јакна па уште и врзала маица околу половината, па сѐ изгледало уште посомнително.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top