| четврток, 6 декември 2018 |

Тато, те молам да се запознаеме-синот на Мирослав Илиќ доаѓа во Србија да се видат

девин

Вонбрачниот син на Мирослав Илиќ, триесетгодишниот Девин Антоновиќ, кон крај на неделава ќе допатува во Србија од Њујорк со мајката Мирјана, како би се обидел да се види со својот татко-пишува српски Курир. Како што дознава Курир, синот на пејачот се потресол поради смртта на дедото Живота Илиќ, па желбата да го посети неговиот гроб го забрзала неговото доаѓање во Србија.

-Девин е свесен каков став има Мирослав кон него и дека ќе му биде тешко да се сретне со него. Но од тоа не се откажува бидејќи сака да го види татка си, кој последен пат го видел кога имал 18 месеци. Тој би бил најсреќен кога Мирослав би се согласил на таква средба. Исто така планира да оди во Мрчајевци, како на дедовиот гроб би запалил свеќа- рекол изворот на весникот.
Инаку Девин се обидел да се види со својот татко уште во 2008 година, но тогаш  тоа не му пошло од рака. Мирослав не сакал ни да чуе да се сретне со синот за кој тврди дека не негов.
Мајката пак на Девин, Мирјана ќе го искористи престојот во Белград како би ги посетила најдобрите пријатели Лепа Брена и Боба Живоиновиќ, кои три децении и се голема поддршка.

I

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top