| четврток, 6 декември 2018 |

Сурова иницијација: вака играчите на Баерн Минхен ги дочекуваат новите играчи во првиот тим (видео)

Баерн Минхен можеби е еден од најдобрите клубови во светот, но не се откажува од правилото секој нов играч што сака да му се приклучи на тимот да помине иницијација и да докаже дека заслужува да го носи нивниот дрес.

golman_1000x0

Токму од таа причина 15-годишниот голман Кристијан Фрухт не си поминал баш најдобро првиот  ден во тренинг-кампот во Катар, каде моментално престојуваат играчите на Баерн Минхен.

Имено, играчите му наложиле дека мора пред сите да отпее некоја песна за да го заслужи приемот во првиот тим н Баварците.

Момчето не се двоумело туку пуштило глас, а дефанзивецот на Баерн Жером Боатенг го снимил и неговиот настап го споделил на социјалната мрежа „Твитер“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top