| четврток, 6 декември 2018 |

Песната со која Марко од „Пинк Ѕвездички“ го расплака регионот крие тажна судбина (видео)

Малиот Марко во музичкото шоу „Пинк Ѕвездички“ја пееше песната на  Јадранка Стојковиќ „Што те нема“. Коментар за неговиот настап даде токму таа, чија лична трагедија ја одбележа оваа композиција.

насловна марко 4

Јадранка која пред многу години ги оживеа стиховите на Алекса Шантиќ  во песната „Пто те нема“напишала дека нема грижа се додека има вакви деца.(тука погледнете ја изведбата на марко која сите во жирот во распалка)

Јадранка Стојаковиќ (64) денес живее во пенизонерски дом во Бањалука. Иако е во тешка здравствена состојба таа не се предва. Јадранка денес веќе не свири гитара, а во едно од нејзините ретки интервјуа открила дека може да разговара само наутро , а попладне само доколку се наспие.

Сликарка по професија, оваа жена го посветила животот на музиката и гитара и песните кои својата верна можеби  и најверна публика ја најдоа во Јапонија, каде поминала 23 години од нејзиниот живот.

А додека била на Далечниот исток, за време на војната, во нејзиниот стан во Сараево влегол непознат човек и преку измама го продал. Кога од Јапонија дошла на погребот на нејизната сестра на патот до гробиштата во автомобилот кој одел пред неа загинала и нејзината втора сестра.

А тогаш во 2010 година на турнеја во Јапонија  Јадранка паднала излегувајќи на сцена. Успеала да дојде до столот од кој требало да свири и пее и сепак го одржала концертот.

-Нозете пополека ми откажуваа додека потполно станав неподвижна – објаснила уметничката на која изведбата на малиот Марко Бошњак и дало сила и верба во иднина.

11

12

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top