Македонските иселеници го снимиле пристигнувањето на премиерот Груевски во Вашингтон и истото го објавија на Фејсбук страницата Macedonian American Weekly.
Видеото од пристигнувањето на македонскиот премиер е објавено со наслов и коментар „Како што доликува на државник. Гордост е да си Македонец“.
Македонците кои живеат во Вашингтон, го снимија и објавија ова видео, каде се гледа доаѓањето на Груевски кога се очекува тој да има средби со американскиот потпретседател Џо Бајден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.