| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Универзитетот „Дамјан Груев“ ќе донесе конкуренција по квалитет, а не по бројност

СДСМ со огромен број на амандмани и со неточни тези се обидува да го спречи формирањето на Универзитетот „Дамјан Груев“.

gazi-baba-gruevski-640x274

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денес на оваа тема зборуваше со претседателката на собраниската Комисија за образование, Олга Најденовска, за отпорот кој опозицијата го дава.

Таа го информираше дека е несфатливо ваквото однесување на опозиционерите и потенцира дека тие во Собранието користеле единствен аргумент дека новиот универзитет ќе биде контра-универзитет на Правниот факултет во Скопје.

najdenovska-gruevski

Груевски објасни која беше замислата на Владата. Конкуренција по квалитет, а не по бројност ќе овозможи правниот факултет при универзитетот „Дамјан Груев“

-Во делот на Правниот факултет, замислата е да се формира факултет кој нема да апсорбира многу студенти, веројатно 50-60 годишно, што е далеку од бројката на студенти на правниот факултет во Скопје. Но, ќе се ангажираат професори од други држави, од Америка, од Западна Европа  кои имаат објавено  многу трудови во списанија со импакт фактор. Овој факултет треба да даде стимул и за останатите факултети да одат во тој правец, значи да имаме ситуација со поголем квалитет. Квантитативно не може да биде конкуренција затоа што се запишуваат по 800, 900, а во новиот ќе бидат 50 до 60. Нема причина за страв, а ќе има многу висок квалитет, рече Груевски.

Така ќе биде, укажа, и на Медицинскиот факултет каде  наставата ќе се изведува на англиски јазик, со наши професори, но поголемиот дел ќе бидат врвни професори од најсилните универзитети кои ќе дојдат на месец два, ќе држат предавање и потоа ќе вршат он-лајн испити.

– Тоа е начин на кој се предава и оценува на врвни универзитети во светот и по други стандарди. Идејата е  за десетина години тие факултети да продуцират многу поквалитетен кадар од тоа што е сега во Македонија. Не велам дека нашите професори се лоши, но сепак во светот има држави коишто се понапред, рече Груевски, посочувајќи дека кадрите што ќе излезат од новите факултети ќе бидат конкурентни на светскиот пазар.

najdenovska3-gruevski-640x431

Според него, на тие факултети ќе студираат студенти со најголем капацитет, а професорите што ќе им предаваат ќе ги воведат во сите можности за добивање грантови за наука која е реална и конкурентна на светско ниво, а не само во државава и регионот. Идејата е десет години да имаме такви врвни професори на помал број студенти, бидејќи ако направиме масовен нема да можат да постигнат квалитет, рече Груевски и дополни дека тие 500 студенти што за тој период би биле продуцирани ќе внесат квалитет во образованието во иднина.

Инаку, на медицинскиот факултет кој ќе биде во склоп на овој универзитет ќе има и настава на англиски јазик, а ќе предаваат професори од странство.

Тој негира дека новите факултети ќе бидат место за партиски вработувања, затоа што, како што рече, најголем дел од професорите ќе бидат врвни професори од светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top