Во Цирих, Швајцарија вечерва по 60. Пат ќе биде избран најдобриот фудбалер на светот.
Оваа наградата ФИФА ја доделува на почетокот на секоја година и е намената за најдобрите фудбалери во светот за претходната година, врз основа на гласовите на селекторите и капитените на националните тимови и спортски новинари од целиот свет.
„Златната топка“ прв пат е доделена во 1957 година од страна на француски фудбалски магазин „Франс фудбал“ кога Стенли Метјуз победи во изборот новинарите кои гласаа за играчи од Европа кои настапуваат во европските клубови. Потоа во изборот беа вклучени сите фудбалери кои настапуваат во Европа, за на крај во конкуренција да бидат фудбалерите од целиот свет.
Од 1991 година ФИФА првпат додели награда и за фудбалер и фудбалерка на година. Гласањето беше спроведено од страна на селекторите и капитените на репрезентациите.
Од 2005 година во двата избора победуваа исти играчи, па се дојде до идеја изборот на „Франс фудбал“ и на ФИФА да се спојат во еден.
Во 2010 година, претседателот на ФИФА, Сеп Блатер соопшти дека во соработка со “Франс фудбал” создаде нова награда „Златна топка“.
Земји со најмногу освојувачи на признанието најдобар фудбалер се Германија и Холандија со по седум, Франција има шест, Италија, Бразил, Аргентина, Португалија и Англија по пет.
Од клубовите на врвот на листата е Барселона со 10 освојувачи, Јувентус, Реал Мадрид и Милан имаат по осум, Баерн Минхен пет пати дал најдобар фудбалер на годината.
Во годинашниот избор најголем фаворит за освојување на наградата е Лионел Меси. Досега Аргентинецот четири пати ја освојувал „Златната топка“ (2009, 2010, 2011 и 2012). Тој со Барселона минатата сезона го освои шампионатот во Шпанија, Копа дел Реј, Лигата на шампионите, Европскиот супер куп и Светското клупско првенство.
Конкуренти на Меси ќе му бидат Кристијано Роналдо која лани нема освоено трофеј со Реал Мадрид и соиграчот на Меси од Барселона, Нејмар.
Тренер на Каталонците Луис Енрике е најсериозен кандидат за најдобар тренер, пред конкурентите Пеп Гвардиола од Баерн Минхен и селектор на репрезентацијата на Чиле Хорхе Сампаоли.
Во женска конкуренција доминираат членови на американскиот тим. Карли Лојд е најголем фаворит , пред Силија Шашиќ од Германија и Аја Мијам од Јапонија.
Селектор на САД Џил Елис е најсериозен кандидат за најдобар тренер во женска конкуренција, а за тоа признание ќе се бори со Марк Сампсон (Англија) и Нори Саки (Јапонија).
Најдобрите ги избираат селекторите и капитените на националните тимови на 209 членки на ФИФА, како и избрани новинари. Почетокот на Свечената церемонија е во 18 часот и 30 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Роналдо признал дека ја силувал Мајорга!
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)