| четврток, 6 декември 2018 |

Војна на улиците на Келн: Граѓаните им возвратија на емигрантите, болниците полни со Сиријци, Пакистанци…

keln-demonstracije-protiv-migranata-09012016-foto-ap-1452514328-821697

Овие напади се последица на новогодишното дивеење на емигрантите низ Келн и низ други германски градови каде што напаѓаа Германки и ги силуваа.

CYbYAU0WsAAachV

Полицијата соопшти дека шестмина мажи од Пакистан биле нападнати од 20 луѓе во неделата во близина на железничката станица. Двајца од нив завршиле во болница.

Како што јави локалниот весник „Келнер експрес“ неколку познати „рокерски и хулигански“ групи се договориле преку „Фејсбук“ за заеднички „лов на луѓе“ во центарот на Келн. Тие сметаат дека по силувањето и по нападите во новогодишната ноќ, Келн „треба да се исчисти“.

Во издвоен инцидент петмина мажи нападнале еден Сириец, кој, исто така, завршил во болница.

Дивеењето на емигрантите предизвика големи протести и граѓански бунт поради германската политика која со широко отворени раце ги дочекува бегалците и доведе до тоа и самата канцеларка Ангела Меркел да предложи построги закони и полесна депортација на оние мигранти што ќе извршат злосторство.

Инаку, бројот на пријавите поврзани со новогодишните насилства се зголеми на 516, а околу 40 проценти вклучуваат обвинение за сексуални напади.

На испитување се задржани 31 маж од кои 18 азиланти. Германската полиција верува дека новогодишните напади биле договорени преку социјалните мрежи.

-Кога ваква глутница ќе најде една единствена цел, а тоа е сторување кривично дело, тоа мора на некој начин да е планирано. Никој не може да ми каже дека тоа не е подготвувано и договорено – изјави германскиот министер за правда Хајко Мас за „Билд ам зонтаг“.

Освен тоа, на социјалните мрежи се појавуваат сѐ повеќе снимки од повеќе европски земји, пред сѐ од Холандија, Шведска и од Финска на кои муслиманските емигранти претепале девојки и жени од домицилното население. Еве една снимка од Холандија:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top