| четврток, 6 декември 2018 |

Неочекуван пресврт во случајот за убиството на Леарт Адеми

Двајца жители на Чаир, од кои едниот малолетен, сами се пријавиле дека со нож го нападнале 19-годишниот Леарт Адеми на 3 јануари, пишува весникот „Коха“ повикувајќи се на полициски извори. Адеми веднаш по донесувањето во градската болница им подлегна на трите убодни рани во срцето и во стомакот.

Полицијата и обвинителството првично за инцидентот го гонеа 19-годишниот Ардит Аме, против кого е поднесена кривична пријава за тешки телесни повреди со смртни последици.

Според „Коха“, двајцата се предале на полицијата и потврдиле дека се напаѓачи на убиениот Адеми и на неговиот другар. Адеми и неговиот другар биле нападнати на улица „Ресенска“ (во близина на ресторанот „Бизнис“ и градинката во Чаир) вечерта на трети јануари.

Нападнатиот другар на убиениот тврдел дека напаѓачот е член на навивачката група Шверцери и во станица извршил препознавање на приведениот Ардит Аме. Аме и неговите блиски тврделе дека приведениот нема никаква врска со смртта на врсникот Адеми.

„Коха“ објавува дека грешката при препознавањето најверојатно е поради огромната сличност на уапсениот Аме со еден од извршителите, кои се приведени сега. Сведокот поради физичката сличност тврдел дека убиец е Аме. По препознавањето на Ардит Аме му е одреден 30-дневен притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top