| четврток, 6 декември 2018 |

Скопска епархија одговори на верувањето: Се венчава ли во престапна година?

Ве­ру­ва­ње­то де­ка тре­ба да се из­бег­ну­ва­ат свад­би го­ди­на­ва е са­мо су­е­ве­рие и ни­ка­ко не е по­вр­за­но со цр­ков­ни­от или со ду­хов­ни­от жи­вот

Бра­кот склу­чен во пре­стап­на го­ди­на кра­тко ќе трае – ве­ру­ва­ње што по­стои тол­ку одам­на, што ни­кој не знае зо­што и од ка­де про­из­ле­гу­ва. Ве­ро­јат­но, ста­ри­те Ма­ке­дон­ци ва­ка са­ка­ле да си ја об­јас­нат или да ѝ да­дат зна­че­ње на го­ди­на­та со еден ден по­ве­ќе.

Спо­ред ед­но пре­да­ние, пак, су­е­ве­ри­е­то што и де­нес им пра­ви шу­бе на ид­ни­те не­ве­сти, го поч­на­ла мај­ка што са­ка­ла уште ед­на го­ди­на да си ја чу­ва ќер­ка­та до­ма.

Во ми­на­то­то, за вен­ча­вки или за свад­би се че­ка­ло до след­на­та го­ди­на, а до­кол­ку мла­до­жен­ци­те не­ма­ле вре­ме за че­ка­ње, ка­ко што бил слу­ча­јот со пе­чал­ба­ри­те, за да не ги бие ма­лер на свад­ба­та при­не­су­ва­ле леб или по­га­ча ме­се­ни со браш­но од ми­на­та­та го­ди­на.

За цр­ква­та ова су­е­ве­рие отсе­ко­гаш би­ло са­мо тоа – су­е­ве­рие. Отец Бо­бан од Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква ве­ли де­ка пре­стап­на­та го­ди­на е та­ква са­мо по­ра­ди бро­јот на де­но­ви­те, ни­што по­ве­ќе и не­ма ни­ка­кви имп­ли­ка­ции врз ос­но­ва на цр­ков­ни­от или на ду­хов­ни­от жи­вот.

– Си­те ра­бо­ти си се пра­ват нор­мал­но, ка­ко и во си­те дру­ги го­ди­ни. Тоа е су­е­ве­рен став, кој про­из­ле­гу­ва од су­е­ве­ри­е­то на лу­ѓе­то. Во пре­стап­на­та го­ди­на и се вен­ча­ва и се кр­шта­ва и се пра­ват си­те ра­бо­ти што ги пра­ви­ме и во го­ди­ни­те што не се пре­стап­ни. Ако оди­ме по таа ло­ги­ка, зо­што би се од­зе­ла са­мо вен­ча­вка­та и кр­штен­ка­та, зо­што не би се од­зе­ле и не­кои дру­ги све­ти тај­ни, кои ги из­вр­шу­ва­ме или не­кои дру­ги чи­но­дејс­тви­ја. На при­мер, ка­ко опе­ло­то, по­гре­бе­ни­е­то на мир­ја­ни­те, то­гаш се­то тоа би тре­ба­ло да се ско­ка и да не се пра­ви– ве­ли отец Бо­бан.

Но, и по­крај тоа што све­ште­ни­ци­те на се­ко­ја ид­на брач­на двој­ка ѝ об­јас­ну­ва­ат де­ка тоа е чи­сто су­е­ве­рен став, кој не­ма ни­ка­ква вр­ска, ни­ка­ков кон­текст со пре­да­ни­е­то, уче­ње­то и ве­ру­ва­ње­то на цр­ква­та, и де­нес се гле­да пад на бро­јот на вен­ча­вки­те во пре­стап­на го­ди­на.

Спо­ред Др­жав­ни­от за­вод за ста­ти­сти­ка, бро­јот на ве­нча­вки­те во две­те прет­ход­ни пре­стап­ни го­ди­ни 2008 и 2012 го­ди­на, за­бе­ле­жал пад од 5,1 про­цен­ти и во два­та слу­ча­ја. Ако во 2007 го­ди­на има­ло 15.490 вен­ча­вки, во 2008 го­ди­на тој број пад­нал на 14.695, за ве­ќе во след­на­та го­ди­на, по­втор­но за­бе­ле­жал по­ка­чу­ва­ње. Исти­от слу­чај се бе­ле­жи и по че­ти­ри го­ди­ни. Во 2011 го­ди­на би­ле склу­че­ни 14.736 бра­ка, за во след­на­та (пре­стап­на) го­ди­на, тој број да пад­не на 13.991.

Да по­бр­за­ат да ја фа­тат „обич­на­та“ го­ди­на, иско­ри­сти­ја и го­лем број поз­на­ти лич­но­сти, кои се вен­чаа го­ди­на­ва. Ме­ѓу нив и пе­јач­ка­та Та­ма­ра То­дев­ска, ко­ми­ча­рот Ва­ско То­до­ров­ски (То­шо Ма­ле­рот), ма­не­кен­ка­та Ма­ја Са­шек…

Подготви: Марина Костовска
Видео: Дејан Станчевски
Монтажа: Илија Јовановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top