За време на празниците уживавме во храна и во вино, па многумина успеаја да нафрлат по некој килограм плус. Но не грижете се! Новата студија објавена во „Сел Метаболизам“ објаснува како на ефикасен и безболен начин да го загубите вишокот килограми, а притоа да не гладувате.
Значи само внимавајте да почнете со појадокот од 8 часот наутро, а последниот оброк да не биде подоцна од 18, евентуално 20 часот, ако вашиот дневен ритам е малку подоцна.
Студијата ги истражувала обичаите за земање храна на група луѓе и установила дека тие јадат во тек на 15 часа дневно, целото време кога се будни. Ако во текот на 16 недели се ограничи консумирањето на храна на 10 до 12 часа, место на 15, се губат 3,5 килограми. Не е лошо за малку труд и дисциплина, а ефектите траат.
Исто така, студијата покажала дека повремениот пост им помага на луѓето да потрошат повеќе масти, а помалку мускулна маса и да добијат подобра контрола на шеќерот во крвта и намален ризик за дијабетес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.