Препород, Велигден или пролет се слави во разни цивилизации, а многу пагански обичаи од старите времиња се задржале се’ до денес и станале дел од обичаите на христијанските празнувања на Велигден.
Некои од тие празници се Цветници, Врбица, Младенци чии обичаи настанале уште во време на старите Словени, а во многу сличен облик се празнуваат и’ денес, како и боењето јајца.
На Велигден семејството оди во црква на света велигденска служба. После службата, народот се поздравува:„Христос Воскресе! и „Ваистина воскресе„.
Поздравот е вообичен се’ до Спасовден.
Кога од црква се враќаат дома, домашните повторно, едни на други, си го честитаат Велигден и седнуваат покрај свечено поставената трпеза, а на неа треба да има:
1. Мед
Медот ги симболизира апостолите. Сите тие како Христови пчели го разнесувале медот на Евангелието по разни крапишта страдајќи поради љубовта кон Христ и сите се преселиле во вечното царство.
2. Јагнешко месо
Јагнето го симболизира самиот Господ, роден во штала меѓу јагниња, гонето од човечките волчји чуда. Тој е жртвено јагне кое трпеливо поднело маки и смрт, победносно јагне кое е Божје, на небескиот престол.
3. Говедско месо
Човек (мудрост), лав (храброст) вол (правда) и орел (чистота) се четири симболични животни кои во визиите го виделе пророкот Езекил и Св. апостол Јован, како стојат пред престолот на Севишниот. Волот бил жртвено животно, кое се принесувало за покајување на гревовите и поради правда.
На свечениот велигденски астал нема јадења од свинско месо затоа што во христијанството свињите и кучињата се симбол на упорни неверници, тврди и закоравени.
4. Вапцани јајца
За прославување на Велигден се врзуваат бројни симболи и обичаи кои варираат од земја до земја, а заедничко им е украсувањето и боењето јајца. Боењето јајца е симбол на Велигден, иако се претхристијански обичај.Овој симбол на будење на пролетта на симболот на живот постои и во еврејската религија.
Јајцата боени и варени во лушпи од кромид биле задолжителни на трпезата во деновите во кои се празнувала Пасха.Шарените велигденски јајца традиционално се подаруваат на празникот и во деновите кои следат после Велигден. Во минатато момчиња и девојки си дарувале едно на друго шарено јајце, како знак на љубов или наклоност.Велигденските шарени јајца биле и знак на помирување.Така лицата дарувајќи јајце на други молчешкум барале прошка или ја давале. Според верувањата, вапцаното велигденско јајце би требало да не штити од злите сили. Поради тоа лушпата до тие јајца се мелеаа и фрлала на поле, ниви и се ставала во штали.
5. Леб
На масата мора да има леб, сол, вино и риба. Сите продукти кои се служат за подготовка на празничните специјалитети имаат длабока симболика. Лебот го симболизира самиот Исус Христ:„Јас сум леб на животот“ (Јов.6.48). Така Господ Исус му кажал на гладниот народ.
6. Квасец
Квасецот е симбол на небеското царство „бидејќи од парче квасец, сето тесто ќе стаса“. Поради тоа се верува дека велигденскиот колач задолжително се прави со квасец.
7. Сол
Солта укажува на вистински христијанин, кој и другите ги усмерува кон добро. Душата на насолениот неук Христијанин не се расипува, а покрај тоа помогнува и на блиските да се одржат и да не се расипат.
8. Вино
Претворањето вода во вино симболизира чудесно претворање на земниот човек во небески. Виното е симбол на Христ, а лозата симбол на следбениците на Христ.
9. Грозје, смокви,чичек и трње
Грозјето, смоквите, чичекот и трњето се симбол на добри и зли луѓе.
10. Риба
Рибата е симбол на сите луѓе. Ловењето риба го означува ловењето на душите човечки за царството Божје. Конзумирањето риба е дозволено во текот на христијанскиот пост, а основни принципи на православниот христијански пост се идентични на славната диета против атеросклероза, која ја препорачува современата медицина.
извор: Екран.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.