| четврток, 6 декември 2018 |

Прв јавен увид во имотот на француските министри

ShowMeYourMoneyФранцузите првпат ќе имаат увид во имотот на нивните министри. Владата на интернет ќе ги објави имотните листи на 37 члена на Владата, односно нивните декларации направени при преземањето на министерските функции. Даночните пријави, сепак ќе почекаат. Тој детал не е предвиден во идниот нацрт- закон за морализирање на јавниот живот, соопшти министерот за односи со Парламентот, Алан Видалис.

Премиерот Жан-Марк Еро сметаше дека тоа ќе биде сторено, како надополнување на нивните имотни листи. Проблемот бил од правна природа бидејќи со обелоденувањето на даночните пријави може да се дознае дали еден министер плаќа алиментарна издршка и ако ја плаќа на кое лице му ја плаќа, со што се нарушува даночната тајна.

Одлуката да се обелодени имотот на министрите дојде откако министерот за буџет, Жером Каузак, беше принуден на оставка по откривањето на неговите банкарски сметки во странство. Иницијативата за транспарентност во имотот на политичарите не наиде на одобрување од голем дел од политичката класа бидејќи гледаат основа за популистички говори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top