| четврток, 6 декември 2018 |

Марија Стефанова, психолог: Дефинирани и јасни желби имаат поголема шанса да се остварат

Жел­би­те од ти­пот „да имам по­ве­ќе па­ри“, се не­јас­ни за на­ши­от ум, не по­драз­би­ра­ат кон­крет­на ак­ци­ја. Исто та­ка, „по­ве­ќе пре­стој во при­ро­да“ е не­јас­на жел­ба или цел, би­деј­ќи не одре­ду­ва што зна­чи по­ве­ќе. Mесто тоа, по­до­бро е да си по­са­ка­ме, на при­мер, три­па­ти не­дел­но пре­стој во при­ро­да, ве­ли пси­хо­ло­гот Сте­фа­но­ва

На кра­јот на ста­ра­та и на по­че­то­кот на се­ко­ја но­ва го­ди­на во­о­би­че­но е да се пра­ви ре­трос­пе­кти­ва на тоа што по­ми­на­ло. Во ко­ја гра­ни­ца тре­ба да ни се дви­жат жел­би­те за да не до­жи­ву­ва­ме го­ле­ми раз­о­ча­ру­ва­ња по­доц­на, раз­го­ва­рав­ме со Ма­ри­ја Сте­фа­но­ва, пси­хо­лог, пси­хо­те­ра­певт и спе­ци­ја­лист по ме­наџ­мент на чо­веч­ки ре­сур­си во пси­хо­ло­шко­то со­ве­ту­ва­ли­ште и кон­сул­та­тив­но-еду­ка­ти­вен цен­тар „Пе­тар Пан“.

– Ка­ква и да е жел­ба­та што ја по­са­ку­ва­ме за нас, не­ка би­де кон­крет­на и спе­ци­фи­ци­ра­на. Да зна­е­ме што точ­но зна­чи за нас, па та­ка ќе зна­е­ме и што тре­ба да на­пра­ви­ме во вр­ска со неј­зи­но ос­тва­ру­ва­ње – ве­ли Сте­фа­но­ва.

Да­ли жел­би­те што си ги за­мис­лу­ва­ме нѐ во­дат на­пред или, пак, пра­ве­ње­то ранг-ли­ста на тоа што мо­ра да се на­пра­ви пра­ви да би­де­ме во грч или стрес?

СТЕФАНОВА: По­че­то­кот на но­ва­та го­ди­на, че­сто кај лу­ѓе­то по­драз­би­ра поч­ну­ва­ње на не­што но­во или од­но­во. Че­сто слу­ша­ме ка­ко лу­ѓе­то си по­ста­ву­ва­ат но­ви це­ли и за­да­чи „од Но­ва го­ди­на, на­та­му“, пла­ни­ра­ат, се до­го­ва­ра­ат са­ми со се­бе. Пла­ни­рај­ќи, ги вклу­чу­ва­ат сво­и­те жел­би што во ста­ра­та го­ди­на не се ис­пол­ни­ле. Жел­би­те нѐ во­дат на­пред, жел­би­те ги вклу­чу­ва­ат по­са­ку­ва­ња­та што ги има­ме или не­ис­пол­не­ти­те це­ли. Жел­би­те, исто та­ка, по­драз­би­ра­ат под­го­тве­ност и енер­ги­ја, ко­ја, мо­же­би, не­до­сти­га­ла до­се­га за да ре­а­ли­зи­ра­ме не­што. Но, про­це­на­та за на­ши­те лич­ни ус­пе­си или не­ус­пе­си, во го­лем дел за­ви­сат и од вред­ну­ва­ње­то на се­бе. Не­кои лу­ѓе не­ре­а­ли­зи­ра­ње­то на по­ста­ве­ни­те це­ли го сфа­ќа­ат ка­ко не­ус­пех, па се кри­ти­ку­ва­ат и чув­ству­ва­ат ло­шо, т.е ка­ко гу­бит­ни­ци.  Дру­ги, пак, не­ре­а­ли­зи­ра­ње­то на тие це­ли го ко­ри­стат ка­ко искус­тво што ќе им по­мог­не да зна­ат што да не пра­ват во ид­ни­на, т.е ка­ко да ги иско­ри­стат во ид­ни­на пре­зе­ме­ни­те че­ко­ри во ре­а­ли­за­ци­ја на це­ли­те. Тие лу­ѓе, во су­шти­на, има­ат по­бед­нич­ки став кон се­бе.

Пр­ви­те, ќе ги сме­та­ат за важ­ни са­мо тие це­ли што не ги ос­тва­ри­ле, а на тие што ги ос­тва­ри­ле ќе гле­да­ат ка­ко да се по­драз­би­ра нив­ни­от ус­пех. Вто­ри­те, пак, ќе би­дат за­до­вол­ни и ќе се чув­ству­ва­ат ус­пеш­но за тоа што го по­стиг­на­ле, а за дру­ги­те не­ре­а­ли­зи­ра­ни це­ли ќе изв­ле­чат зак­лу­чок што ќе им би­де од ко­рист во ид­ни­на.

Ток­му по­ра­ди тоа, би­лан­сот што го пра­ват на кра­јот од го­ди­на­та, пр­ви­те ги пра­ви да се во грч, а дру­ги­те ги „дви­жи“ на­пред.

Марија Стефанова1

Ре­ал­ни оче­ку­ва­ња се тие што ја зе­ма­ат пред­вид си­ту­а­ци­ја­та, окол­но­сти­те, вре­ме­то и ус­ло­ви­те за ре­а­ли­за­ци­ја на не­ко­ја жел­ба

 

Се ве­ли де­ка праз­ни­ци­те, во­о­би­ча­е­но, се де­пре­сив­ни, без раз­ли­ка на се­та еу­фо­ри­ја што ја има око­лу нив. Зо­што е тоа та­ка?

СТЕФАНОВА: Овој пер­и­од од го­ди­на­та за по­ве­ќе­то лу­ѓе прет­ста­ву­ва пер­и­од за ве­сел­ба, че­сти­та­ње и за да­ва­ње по­да­ро­ци. Но, не­кои лу­ѓе има­ат со­се­ма по­и­на­кво до­жи­ву­ва­ње: ис­пол­не­ти се со та­га, оса­ме­ност и со не­га­тив­ни мис­ли. Тоа до­жи­ву­ва­ње се ин­тен­зи­ви­ра ако лич­но­ста про­це­ни де­ка си­те дру­ги се ве­се­ли, освен таа. То­гаш, тие лу­ѓе че­сто се оби­ду­ва­ат да го при­кри­јат сво­е­то не­рас­по­ло­же­ние со што уште по­ве­ќе се пов­ле­ку­ва­ат во изо­ла­ци­ја. Во тие ус­ло­ви, се­ка­ко е по­до­бро да се по­ба­ра по­мош и при­сус­тво од дру­ги лу­ѓе и не тре­ба да се за­бо­ра­ви де­ка ба­ра­ње­то по­мош, па и струч­на по­мош, не зна­чи сла­бост, ту­ку хра­брост.

Во ко­ја гра­ни­ца тре­ба да ни се дви­жат жел­би­те за да не до­жи­ву­ва­ме го­ле­ми раз­о­ча­ру­ва­ња по­доц­на?

СТЕФАНОВА: Жел­би­те и по­са­ку­ва­ња­та се по­вр­за­ни со се­то тоа што мис­ли­ме де­ка ќе ни до­не­се по­го­ле­мо за­до­волс­тво, па от­ту­ка, нив­но­то не­ос­тва­ру­ва­ње мо­же да ни до­не­се не­за­до­волс­тво и фру­стра­ци­ја. Од дру­га стра­на, пак, ис­пол­ну­ва­ње­то на на­ши­те жел­би е по­вр­за­но со на­ши­те оче­ку­ва­ња, кои, во су­шти­на, ја но­сат прет­по­ста­вка­та за по­зи­ти­вен ис­ход. До­кол­ку оче­ку­ва­ња­та по­вр­за­ни со не­ко­ја жел­ба се ре­ал­ни, то­гаш е по­ма­ла ве­ро­јат­но­ста да до­жи­ве­е­ме раз­о­ча­ру­ва­ње и не­за­до­волс­тво од неј­зи­но­то не­ре­а­ли­зи­ра­ње. Ре­ал­ни оче­ку­ва­ња се тие што ја зе­ма­ат пред­вид си­ту­а­ци­ја­та, окол­но­сти­те, вре­ме­то и ус­ло­ви­те за ре­а­ли­за­ци­ја на не­ко­ја жел­ба.

За­тоа, не огра­ни­чу­вај­те се во по­са­ку­ва­ња­та и во жел­би­те, но про­лон­ги­рај­те го нив­но­то ос­тва­ра­у­ва­ње до­де­ка не ги соз­да­де­те ус­ло­ви­те. Во спро­тив­но, ќе има­те не­ре­ал­ни оче­ку­ва­ња, кои ќе ве фру­стри­ра­ат.

Марија Стефанова

Не огра­ни­чу­вај­те се во по­са­ку­ва­ња­та и во жел­би­те, но про­лон­ги­рај­те го нив­но­то ос­тва­ра­у­ва­ње до­де­ка не ги соз­да­де­те ус­ло­ви­те

 

Без раз­ли­ка на тоа што си­те има­ат раз­лич­ни жел­би што са­ка­ат да им се ис­пол­нат во но­ва­та го­ди­на, да­ли тре­ба да се до­не­сат не­кои по­у­ни­вер­зал­ни од­лу­ки, ка­ко, на при­мер, во­лон­ти­ра­ње, пи­шу­ва­ње днев­ник, по­ве­ќе пре­стој во при­ро­да, кои би ни по­мог­на­ле да се чув­ству­ва­ме по­до­бро?

СТЕФАНОВА: Ка­ква и да е жел­ба­та што ја по­са­ку­ва­ме за нас, не­ка би­де кон­крет­на и спе­ци­фи­ци­ра­на. Да зна­е­ме што точ­но зна­чи за нас, па та­ка ќе зна­е­ме и што тре­ба да на­пра­ви­ме во вр­ска со неј­зи­но­то ос­тва­ру­ва­ње. Жел­би­те од ти­пот „да имам по­ве­ќе па­ри“, се не­јас­ни за на­ши­от ум, не по­драз­би­ра­ат кон­крет­на ак­ци­ја. Исто та­ка, „по­ве­ќе пре­стој во при­ро­да“ е не­јас­на жел­ба или цел би­деј­ќи не одре­ду­ва што зна­чи по­ве­ќе. Ме­сто тоа, по­до­бро е да си по­са­ка­ме, на при­мер, три­па­ти не­дел­но пре­стој во при­ро­да. Ва­ка де­фи­ни­ра­ни јас­ни жел­би, по­стои по­го­ле­ма шан­са да се ре­а­ли­зи­ра­ат.

Ка­ков е Ва­ши­от со­вет за но­во­го­диш­ни­те и за бо­жик­ни праз­ни­ци? Ка­ко да се по­ми­не вре­ме­то?

СТЕФАНОВА: Праз­ни­ци­те ну­дат вре­ме и сло­бо­да да мо­же­ме да го пра­ви­ме се­то тоа за што не сме има­ле вре­ме. Се раз­би­ра, тоа е раз­лич­но кај се­кој од нас. За­тоа, иско­ри­сте­те го вре­ме­то ква­ли­тет­но, што и да пра­ви­те, по­ми­не­те вре­ме со де­ца­та, најб­ли­ски­те, при­ја­те­ли­те, по­ми­не­те вре­ме со се­бе.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top