Михаил Литвак е доктор, психотерапевт и еден од најпознатите психилози на меѓународно ниво. Тој е и првиот човек што го развил системот на т.н. психолошки аикидо. Според овој систем, важно е една личност да го разбере опкружувањето и да се разбере себеси.
Ова се неговите најмудри совети за постигнување на тоа:
Ако човек не може да каже ништо добро за себеси, а сака нешто да каже, тој одбира да зборува лошо за другите.
Депресивната состојба му е дадена на човек за да може да размислува за себеси.
Никој никого не отфрла, само некој оди понапред. Така што, тој што останува одзади смета дека е отфрлен.
Ако мислите добро за себе, зошто е важно другите да мислат добро за вас?
Способноста да се сака и добро да се поднесе самотијата е показател за душевна зрелост.
Незрелата личност често знае, но не умее. Зрелата знае, но и умее. Затоа, незрелата личност критикува, а зрелата дејствува.
Јас не го знам патот до успехот, но сигурниот пат до неуспехот е желбата да им се допаднеме на сите.
Сакаш да го запознаеш својот најголем непријател? Погледни во огледало. Избори се со него и сите други ќе избегаат.
Нема машка и женска логика, постои само способност и неспособност рационално да се размислува.
Постигнете успех, навредите ќе поминат.
Постои една најголема причина за раскинување и престанок на работата – неможност за личен пораст во дадените околности.
Со пријателите е пријатно да се разговара, а со непријателите корисно.
Со пријателите и непријателите треба да се дели само радост. Пријателите ќе се израдуваат, а непријателите ќе се вознемират.
Не барајте ја среќата, никогаш нема да ја најдете. Таа ќе ве најде самата.
Ако некому сакате да докажете нешто, значи дека живееш поради личноста на која сакаш да ѝ докажеш нешто. Ако живееш поради себе, тогаш нема потреба никому ништо да докажуваш.
Подобро е да се комуницира со добра книга, отколку со празен човек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова никогаш никому не му го кажувајте: Ако сакате напредок еве што не смеете да им кажувате на луѓето!
-
Која љубовна лекција мораш да ја научиш во 2018 година според твојот хороскопски знак?
-
Секој човек може да го фрли каменот или да излезе од магичниот круг на анксиозноста и стравот
-
Десет животни лекции кои родителите треба да ги научат своите деца до 10. година