Една од најпопуларните серии, „Сексот и градот“, крие некои валкани детали. Познато е дека во договорот на актерката Сара Џесика Паркер пишувало дека во ниту една сцена нема да се видат нејзините гради, додека нејзините колешки немаа проблем со соблекување.
Синтија Никсон, која го толкуваше ликот на Миранда, откри дека сите сексуални сцени во серијата биле вистински и со тоа ги шокираше обожавателите.
Но, актерката објасни на што мислеше. Актерите на снимањето немале вистински сексуални односни, туку секс-сцените биле напишани на база на вистински настани.
Сценаристите и сите оние што биле дел од серијата, раскажувале за своите сексуални искуства, а подоцна тоа било прикажано на екран.
– Имаше правило кое гласеше дека во една епизода не смее да се појави ништо што навистина не му се случило на некој од филмската екипа. Значи, сѐ што видовте во серијата е вистина – објасни актерката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.