Најтрофејниот македонски филмски уметник, Милчо Манчевски, е ангажиран за професор на Државната филмска академија во Хавана, Куба. Манчевски во текот на јануари 2016 година ќе им предава на постдипломците по филмска режија, меѓународна група студенти од целиот свет. Тој е професор и супервизор на студентските филмови на постдипломците. Истовремено, самиот Манчевски во Куба ќе сними и краток филм.
Во чест на Манчевски ќе има и проекција на неговиот филм „Пред дождот“, а авторот ќе биде присутен да одговара на прашања од публиката. Делата на Манчевски се многу познати во Куба, а во библиотеката на Академијата ги има сите негови филмови.
Кубанците за Манчевски разбрале уште 1995 година, кога „Пред дождот“ беше меѓу петте номинирани за Оскар за најдобар странски филм, заедно со кубанскиот „Јагоди и чоколадо“ на славниот кубански режисер Томас Гутиерез Алеа.
Режисерот Милчо Манчевски досега предавал на бројни универзитети, фестивали и кинотеки во светот. Ја води катедрата за режија на постдипломски студии на Универзитетот на Њујорк, прогласен е за почесен доктор на науки на државниот Филмски универзитет ВГИК во Москва, каде и држеше предавања, а предавал и на најголемата филмска школа во Германија на Универзитетот Бабелсберг Конрад Вулф, како и на универзитетите Кембриџ, Оксфорд, Јеил, Харвард, Браун, Чикаго, Билефелд, Лондон, Токио и многу други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Почна снимањето на новиот филм на Манчевски: „Врба” е љубовен филм за денешни и дамнешни души (видео)
-
По пауза од девет години Милчо Манчевски снима во Македонија (видео)
-
На Трескавец снимени првите сцени за филмот „Врба“ на Манчевски
-
Уште еден дипломат од американската амбасада во Куба заболе од мистериозната болест