| четврток, 6 декември 2018 |

Топла зима кај нас, во ЈАР 11 жртви од топлотен удар

South Africa Weekend FiresНајмалку 11 лица починаа од топлотен удар во Јужноафриканската Република, која веќе една недела е погодена од големи жештини. Во провинција на северозапад од земјата во четвртокот починале осум лица, кога биле измерени температури од над 40 степени. Уште три лица починале во петокот, додека 16 се хоспитализирани.

Највисоката температура во оваа провинција неделава изнесувала 45 степени, информира Метеоролошката служба, истовремено предупредувајќи дека во следните недели можат да се очекуваат и силни бури.

Во силните бури во соседната Намибија претходните недели беа оштетени 31 куќа, а речиси 100 лица беа загрозени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top