Понеделник ќе почне со прилично ведро утро на повисоките места, додека локално низ котлините и речните долини ќе има појава на слаба магла, објави Метеопро. Замаглувањето ќе се расчисти релативно бргу во текот на претпладнето. Доцна попладне ќе почне да се наоблачува во западниот и северниот крај.
Во ноќните чесови се очекуваат врнежи од дожд во планинскиот дел од западниот регион.
Наутро ќе биде релативно топло, а минималната температура ќе има вредности во границите од 1 до 5 целзиусови степени.
Повисоките места очекуваат прилично топол јануарски ден, со максимална температура околу 13 степени. Во гевгелиско – дојранскиот регион максималната ќе има вредност околу 15, а низ останатите колини околу 12 целзиусови степени.
Во Скопје можна е појава на слаба магла наутро, додека во остатокот од денот ќе биде претежно ведро. Минималната температура се очекува да биде околу 2, а максималната околу 10 целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.