На полиците на познатиот моден бренд „Х енд М“ се најде шал кој предизвика лавина критики бидејќи многу потсетува на талит, шалот кој ортодоксните Евреи го носат околу врат во текот на молитивите.
Повредените корисници на Твитер јавно го споделиле својот бес, пишува „Дејли меил“. Еден од многуте коментари гласел: Мене не е лесно да ме навредите, но ова е навистина еден навредлив шал“,
„Х енд М“ продава шал кој наликува на талит бидејќи хит за оваа сезона е да се биде Евреин“ – напишала една девојка на Твитер.
Од модната куќа веднаш реагирале на овие обвинувања , се извиниле јавно и напоменале дека не сакале да навредат нечиви верски чувства.
– Пругите се еден од трендовите за оваа сезона и бевме инспирирани исклучиво од тоа. Немавме намера некого да вознемириме. Производот е повлечен од нашите продавници – порачале од „Х енд М“.
Ова не е првпат „Х енд М“ да се најдат на мета на критиките. Во пролетта 2014 од продажба повлекоа продукт на кои беше прикажана Давидовата ѕвезда во која се наоѓал череп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.