Милош Раониќ славеше во финалето од турнирот во Бризбејн, изненадувајќи го фаворитот Роџер Федерер со триумф од 2-0 во сетови. Канадскиот тенисер не беше во својот препознатлив ритам и сервираше само со 57% успешност, но во прилог му одеше очајното издание на Федерер од спротивната страна.
Швајцарецот премногу грешеше, па и покрај слабиот сервис на противникот имаше само една шанса за брејк, што не ја искористи. На спротивната страна, Раониќ искористи две од петте брејк-топки што ги имаше за рутинска победа од 6-4,6-4, втора во неговата кариера во пресметките со Федерер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.